Економски Совет

По иницијатива на градоначалникот Јордан Насев, денеска во Карбинци се формираше Економски Совет составен од стопанственици од општината, на која бев поканет да присуствувам и јас.

На средбата претставниците на бизнис заедницата од општина Карбинци беа информирани за услугите што општната ги обезбедува за субјектите од бизнис секторот, но и генерално за сите граѓани.

Акцентот беше ставен на подготовката на урбанистичката документација, на обезбедувањето на комуналните услуги, инфраструктурата и други важни прашања акцентирани од стопанствениците.

Во моментот и до крајот на годината Општина Карбинци со помош на Владата и дел сопствени средства ќе реализира капитални инфраструктурни проекти во висина од 5 милиони Евра.

Годинава во Источниот плански регион ќе се реализираат 14 проекти, финансирани од Министерството за локална самоуправа во вкупна вредност од 48,5 милиони денари. Во општина Карбинци се гради дел од локалниот пат с. Радање-с. Оџалија, како и уредување на јавни површини во с.Радање.