ГРАДОНАЧАЛНИК

Person

Виктор Паунов

Лични податоци:

Роден: 30 април 1990, Штип

Партија: ВМРО-ДПМНЕ

Статус: оженет, татко на две деца

Образование: Музички педагог

 

 

Виктор Паунов е роден на 30.04.1990 во Штип. По професија е музички педагог, дипломирал на Универзитетот ,,Гоце Делчев” во Штип на факултетот за музичка уметност. Запишан на магистерски студии на музичка теорија и педагогија при универзитетот ,,Гоце Делчев” Штип.

Работно искуство во приватен сектор во делот на транспорт и логистика во германската компанија Meyer&Meyer каде работел со организација на меѓународен транспорт за државите Тунис и Мароко но и неколку европски земји. Говори англиски, и има неколку меѓународни сертификати.

 Виктор важи за динамичен политичар кој е секогаш достапен за граѓаните и упорен во идеите и визијата да создаде подобри услови за живот во општина Карбинци. Претседател е на меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Источно планскиот регион и член е на управен одбор на ЗЕЛС.

На локалните избори во 2021 година во прв изборен круг е избран за градоначалник на Општина Карбинци.

Линк до Facebook страна: https://www.facebook.com/viktorpaun
Линк до Instagram профил: @vpaunovvv / https://www.instagram.com/vpaunovvv/

 

АНКЕТЕН ЛИСТ на градоначалникот на општина Kарбинци (линк до ДКСК)

 

ЛИСТА на претходни градоначалници на Општина Карбинци

 

- Борис Гаврилов  1996-2009

- Васил Богдански 2009-2013

- Зоран Минов        2013-2017

- Јордан Насев       2017-2021


Етички кодекс на локалните функционери (pdf)

 

НАДЛЕЖНОСТИ:

2. Градоначалник на општината

Член 41

 Градоначлникот ја претставува и застапува општината. Градоначлникот се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со закон за период од 4 (четири) години. Градоначалникот својата функција ја извршува професионално.

Член 42

Градоначалникот во рамките на своите надлежности: - иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот на општината; - го обезбедува извршувањето на работите кои му се делегирани од органот на државната управа; - го предллага годишниот Буџет и годишната сметка на Буџетот на општината; - го извршува Буџетот на општината; - решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица во согласност со закон; - раководи со општинската администрација; - донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација; - одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон; - врши други работи утврдени со закон и со овој Статут. Градоначалникот има право да присуствува и учествува во работата на Седниците на Советот.

Член 43

Градоначалникот ги објавува прописите на Советот во Службен Гласник на општината. Градоначалникот го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот.

Член 44

Градоначалникот е должен во рок од 7 (седум) дена од денот на доставувањето на прописот на Советот со решение да го запре неговото објавување доколку смета дека е во несогласност со Уставот и законите. Примерок од образложеното решение за необјавување се доставува до претседателот на Советот на општината. Советот е должен, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на решението да го разгледа и да одлучи по него. Ако Советот го потврди прописот или не расправа во рокот од ставот 3 од овој член, Градоначалникот е должен да го објави прописот и истовремено да поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставност и законитост на оспорениот пропис пред Уставниот Суд на Република Македонија. За иницијативата Градоначалникот е должен да го информира Министерстввото надлежно за вршење на работите што се однесуваат на локалната самоуправа.

 Член 45

Градоначалникот е должен да поднесе извештај за извршување на одлуките донесени од страна на Советот на секои 3 (три) месеци во текот на годината. За извршување на своите надлежности Градоначалникот го информира Советот по потреба, а најмалку 2 (два) пати во годината.

Член 46

Градоначалникот управува со сопственоста на општината како добар домаќин. Во управувањето со сопственоста на општината Градоначалникот е должен да презема мерки и да го обезбедува користењето на сопственоста во согласност со закон.

Член 47

За време на спреченост или отсуство до шест месеци Градоначалникот го заменува член на Советот на општината кој го назначува Градоначалникот. Во рок од 30 (триесет) дена од денот на преземањето на функцијата Градоначалникот е должен со решение да определи членот на Советот кој би го заменувал. Решанието од став 2 на овој член се објавува во Службен Гласник на општината. За денот на настапувањето на спреченоста или отсуството Градоначалникот го информира претседателот на Советот. На членот на Советот му мирува функцијата член на Совет за времето кога го заменува Градоначалникот.

(Извадок од Статут на Општина Карбинци)