Меѓуопштински превоз кој ќе се обраќа од Штип до општина Карбинци


Од денес започнува и новиот локален меѓуопштински превоз кој ќе се обраќа од Штип до општина Карбинци крајна дестинација е селото Радање.
Едно од најголемите барања за жителите е токму ова а веќе од денес ова барање е исполнето.
Следни дестинации кои ќе бидат воведени се линиите до селата Аргулица и Козјак.
Општина Карбинци ќе издвои 1.200.000 денари субвенции за да овој превоз биде финансиски рентабилен и да биде целосно достапен до граѓаните.