Во тек е целосна реконструкција на детското игралиште во село Крупиште, која е во завршна фаза.

Во рамки на игралиштето поставена е модерна тартан подлога, постоечките детски реквизити ќе бидат обновени,

исто така ќе бидат поставени и нови реквизити со што игралиштето ќе добие нов и урбан лик!

По барање на жителите, ова е целосна инвестиција на општина Карбинци со вредност од 1.000.000 денари, средства издвоени од буџетот на општина Карбинци.

Децата се нашето најголемо богатство, токму затоа правиме сѐ за да им овозможиме поубаво и безгрижно детство!