Во соработка со ЈП Плачковица и Друштвото за управување со отпад „Елколект“, поставени се контејнери за собирање и селектирање на електричен и електронски отпад на две локации
пред општинската зграда и во с.Таринци, и помали садови за собирање на електричен отпад во сите подрачни училишта на територија на општина Карбинци!
 
Сите заедно, совесно и одговорно со собирање и правилно селектирање на отпадот можеме да придонесеме кон
подобрување на животната средина и остварување 
на одржливи практики кои ќе имаат долготрајни и позитивни ефекти во нашата општина!