Инфраструкторни Проекти

Шестте инфраструктурни проекти, кои се реализираат со средства преку Министерството за локална самоуправа, Бирото за рамномерен регионален развој и Платежната агенција

се причина за ребалансот, односно проширување на буџетот на општина Карбинци.

Градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев вели дека во општината ова лето и есен ќе се реализираат проекти во повеќе населени места,

чија вредност изнесува околу 80 милиони денари или над 1.290.000 евра.

-Проширувањето на буџетот го направивме, бидејќи овие средства не беа планирани во буџетот.

Секој инфраструктурен проект, со којшто се подобрува животот во населените места или изградба на локални патишта е значаен за жителите на општина Карбинци, вели Насев.

Дел од проектите се во фаза на тендерски постапки, а нивната реализација ќе почне во август.

Во Општина Карбинци ќе се гради пристапен пат  и мост, додека во село Крупиште ќе се градат нови улици, мал плоштад ќе добие селото Радање,

а локални патишта ќе се градат до селото Оџалија и викенд населбата Вртешка.

Одлуката за проширување на буџетот на општина Карбинци е донесена од страна на советниците во Советот на општината, со цел без проблеми да течат постапките, за овие проекти.