Јавна покана за учество на Проектен форум во Општина Карбинци 
Општина Карбинци Ве поканува на Првата сесија од Проектниот форум во Понеделник, 20.11.2023 година со почеток во 17:00 часот,
во Спортската сала на ООУ "Страшо Пинџур" – Карбинци. Програмата „Зајакнување на општинските совети“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, 
а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери. 
Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. 
Форумот е алатка за учество на граѓаните во подготовка и избор на приоритетни проекти. 
Присутните граѓани на форумот ќе имаат можност да предлагаат и да изберат приоритетни проекти за општината, кои ќе се финансираат од проектниот фонд во износ од 48.000 - 80.000 УСД.
