Почитувани,
Со огромно задоволство сакаме да Ве известиме дека денеска е оддржан првиот состанок на „Колеџ на заедницата“ во општина Карбинци
a во предходниот период потпишан е меморандум за соработка со Фондација за развој на локалната заедница - Штип со цел да ја подобриме и развиеме нашата заедница,
со фокус кон решавање на нашите најголеми предизвици и проблеми.
Во рамките на овој проект основното училиште "Страшо Пинџур" во с.Таринци целосно ќе биде опремено со нов училишен инвентар.
Во иднина ќе имаме можност да предложиме иницијативи и да работиме на нивно успешно решавање.
Ова е почеток на големи успешни активности и заедно ќе изградиме подобра иднина за нас и нашите идни генерации.
Активноста е во рамките на проектот Направи разлика, финансиран од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
слика
слика