Започнаа градежните активности за изградба на улица во с. Козјак, општина Карбинци.

Паралелно се започнува со изградба на уште две улици, една во с. Таринци а другата во с. Аргулица со вкупна површина од 1700м2.

Вредноста на овој инфраструктурен проект изнесува 1.700.000 денари, средствата се во целост обезбедени од буџетот на Општина Карбинци.

“За нашите жители да добијат подобар и поквалитетен живот, она што со години им недостасува и го заслужуваат се вложуваме максимално”, истакна градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов.