Во рамките на проектот за воспоставување на систем за управување со отпад во источниот плански регион преку ИПА 2 програмата,

Општина Карбинци започнува со подготовка за имплементација на делот за целосно затварање на дивите депонии на 6 локации низ општината.

Во периодот од месец Октомври ќе се започне со целосно затворање на депониите во близина на населените места:

Карбинци, Таринци, Аргулица, Козјак, Крупиште и Радање.

“Она што го ветивме за трајно затварање на овие депонии веќе го реализираме во првата година од мандатот”, изјави градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов.

Се до отворање на новата регионална депонијa отпадот од општина Карбинци ќе се депонира во депонијата во Штип.