УСАИД проект за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите

 

Програма за млади професионалци

 

 

Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите бара мотивирани, организирани и посветени на резултати, млади професионалци или студенти на додипломски/постдипломски студии кои ќе служат како практиканти во една од наведените партнер општини: Чучер Сандево, Желино, Крушево, Карбинци и Пехчево. Тој/таа ќе соработува тесно со одделот за администрирање на локалните даноци и такси и ќе спроведе задачи поврзани со прибирање, подготовка за обработка и анализа на податоците за данокот на имот.

 

Проектот ги поддржува партнер општините да ги зголемат своите капацитети за собирање приходи од сопствени извори, пристап до надворешни извори за финансирање и планирање и извршување на буџетот.

 

Избраните млади професионалци ќе склучат договор со Проектот на УСАИД за обезбедување поддршка на општината која тој/таа ја претпочита, во ажурирањето и унапредувањето на тековната база на податоци за данокот на имот и комуналните такси, како и целокупниот систем на даночна администрација, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:

  • Канцелариски и теренски активности за идентификација и регистрација на недвижен имот.
  • Ажурирање на податоците во локалниот систем за администрирање на даноци.
  • Поддршка на одделот за администрирање на локалните даноци и такси при изготвување/пополнување обрасци за даночна администрација во согласност со Законот за даноците на имот и Законот за комунални такси.
  • Придонес кон промовирање на локалната јавна кампања за зголемување на мотивацијата на даночните обврзници за плаќање на даноци и информирање како се трошат нивните пари.
  • Други задачи доделени од Градоначалникот и/или раководителот на даночното одделение.

Младите професионалци ќе добијат почетна обука и постојано менторство од тимот на Проектот. Времетраењето на Програмата за млади професионалци е 6 (шест) месеци, почнувајќи од 20-ти јуни  2024 година или веднаш по завршување на процесот на избор на најподобни кандидати.

 

Посакувана образовна подготовка се: техничките науки, бизнис или јавна администрација, економија, право или други сродни занимања. Ангажирање ќе се преговара за 6-8 часа на работен ден со соодветна компензација. Трошоци за транспорт нема да бидат обезбедени.

 

Заинтересираните кандидати се очекува да испратат CV и мотивационо писмо најдоцна до 06.06.2024 година на електронската адреса: info@ideasdepo.mk и да го наведат името на општината за која се заинтересирани.