Generalka Weekend '24 во општина Карбинци! 
Во рамки на најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја денес се чисти на 9 локации во нашата општина, заедно со ЈП Плачковица, ОУ Страшо Пинџур, детската градинка Кокичиња и доброволци од жителите,
сите заедно придонесуваме за почиста околина и поздрава животна средина!
Нашата должност како граѓани е да придонесеме за одржлива средина, добрите практики кои сега ги спроведуваме да ги задржиме и да ги имплементираме и во иднина!