Втора година по ред, според годишниот план и програма, Општина Карбинци ќе субвенционира домаќинства за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.
Јавниот повик ќе биде објавен од 01.05.2024 и ќе трае до 31.08.2024 година, повикот ќе важи за клима уреди кои ќе бидат набавени во рамките на јавниот повик!
Општина Карбинци ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди во висина од 30% од вредноста на инвертер клима уредот, но не повеќе од 20.000,00 денари по барател, со вклучен персонален данок на доход.
Право на учество на јавниот повик ќе имаат сите физички лица - жители на Општина Карбинци.
May be an image of text