„Предлог барањето на општинскиот комитет и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Карбинци, поврзан со бранителите од конфликтот во 2001год. На 19тата седница на советот на општина Карбинци успешно беше прифатен. Имено баравме сите учесници во воениот конфликт од 2001год да бидат ослободени од Комуналии за градба, данок на имот и плаќање на партиципација за градинка на нивните деца“, истакна Виктор Паунов, советник од ВМРО ДПМНЕ во СО – Карбинци.

Засега, нема точнен податок за бројот на бранители во карбинската општина, но се претоставува дека нив таму ги има околу 30-40.

Карбинци е првиот позитивен пример во државата кој овозможи олеснување за бранителите, но како тоа ќе се одрази на полнењето на буџетот, на општината која финансиски, не стои добро:

„По двата основа тоа се изворни приходи за о. Карбинци и можеби одреден дел ќе се намали за некои ставки. За градинката ќе субвенционираме од буџетот на општина Карбинци, во потполност сме спремни да ги сервисираме сите овие долгови кои ќе произлезат од вчерашната одлука“, изјави Јордан Насев градоначалник на о.Карбинци.